Петел.мк

logo transparent микјо

МОЈ ПРОФИЛ

ПРЕБАРАЈ ОГЛАСИ

ДОДАДИ ОГЛАС

МОЈ ПРОФИЛ

ПРЕБАРАЈ ОГЛАСИ

ДОДАДИ ОГЛАС

Политика за Приватност

Применетата Политика за приватност објавена на оваа страна се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р. Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб страницата на дирекцијата за Заштита на лични податоци на Р. С. Македонија (dzlp.mk). Ве советуваме да ја прочитате Политиката за заштита на лични податоци и повремено да ја проверувате истата за најновите податоци во врска со политиката за приватност. Со користење на нашиот веб сајт се согласувате со условите дефинирани со Политика за приватност и за заштитa на лични податоци и Условите за користење на веб страната. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ви препорачуваме да не ги користите нашите услуги.

Политиката за приватност и заштита на лични податоци ги опфаќа практиките за приватност на веб страната www.petel.mk мобилната верзија на веб сајтот, Android апликацијата на Петел.мк, iOS апликацијата на Петел.мк и податоците при комуникација со тимот на Petel.mk. Oбработката на лични податоци на оваа страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Ние, секогаш се стремиме да ги обработуваме личните податоци со максимално почитување на приватноста. Со цел да Ви овозможиме користење на нашите услуги, на пример за регистрирање на оглас, Petel.mk обработува некои видови на податоци за Вас. Во продолжение следуваат повеќе информации во однос на приватноста и заштитата на Вашите лични податоци.

Политиката на приватност ги опфаќа следните работи:

Што претставуваат личните податоци?
Кои видови на податоци ги собираме и обработуваме?
За што се користат Вашите лични податоци?
Кои се Вашите права во однос на личните податоци?
Транспарентни информации, комуникација и начин на остварување на правата на субјектот на лични податоци
Промени во политика за приватност
Корисни совети за заштита на лични податоци и приватност
Што претставуваат личните податоци?
Согласно законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија “личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име, презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфичен за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Обработка на лични податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, автоматски или на друг начин, како што се собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Личните податоци се обработуваат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на лични податоци.
Личните податоци се собираат за јасни и конкретни цели согласно закон и обработката е во согласност со тие цели.
Личните податоци се чуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат и со соодветно ниво на заштита со користење на највисоки безбедносни стандарди со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија.
Кои видови на податоци ги собираме и обработуваме?
Доколку ја посетувате веб страната како посетител што разгледува огласи
Кога ја посетувате нашата веб страна, Вашата приватност целосно се почитува. Доколку ја користите веб страната како посетител, Пазар3 не собира никакви лични податоци за Вас. Петел.мк има увид само на податоците кои што не можат да идентификуваат краен корисник (не-лични податоци). Тоа се податоци кои се однесуваат на Вашиот уред од кој пристапувате до нашата веб страна, податоци за Вашиот Интернет пребарувач, Вашата ИП адреса, локација на уредот и сл.

Доколку Вие како корисник, ја посетувате веб страната и сакате да контактирате огласувач преку полето “прати е-маил”, тогаш Вашиот е-маил кој сте го внесиле ќе биде видлив до огласувачот со цел да продолжите со комуникација во врска со предметот. Петел.мк не превзема одговорност и нема пристап до комуникацијата помеѓу огласувач-купувач. Дадениот е-маил ќе се користи исклучиво за таа цел и нема да се користи за други цели за кои лицата не дале согласност.

Доколку препорачувате оглас до Ваш пријател, тогаш до е-маил пораката на Вашиот пријател што ќе ја внесите, преку нашиот систем ќе се прати електронска порака. Дадениот е-маил ќе се користи исклучиво за таа цел и нема да се користи за други цели за кои лицата не дале согласност.

Доколку ја посетувате веб страната како огласувач кој поставува оглас / креира кориснички профил
При регистрација на оглас, Ние ги обработуваме само податоците кои се дадени доброволно од Ваша страна при пополнување на формуларот за регистрација на оглас и тоа исклучиво за целите кои се наведени.

Доколку Вие сте лице кое огласува/огласувач, податоци кои се потребни за внесување на оглас се:

Име – Тоа се информациите што сте ги внесиле при регистрација на оглас во полето за Име. Овие податоци ги внесувате Вие како корисник и Вие ја имате одговорноста за точноста на внесените податоци.
Е-маил адреса – Тоа е Вашата е-маил адреса која не е јавна и трети страни не можат да имаат пристап до истата. Вашата е-маил адреса се користи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
Телефонски број за контакт – Тоа е Вашиот телефонски број за контакт што сте го внесиле. Доколку не сакате да се прикажува Вашиот телефонски број на огласот и да не биде јавен, тогаш при регистрација на оглас, ја селектирате опцијата “Не го прикажувај телефонскиот број во огласот”. Во тој случај, Вашиот телефонски број нема да се прикажува јавно и ќе служи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
Локација на предметот што се продава – Тоa е градот каде што се наоѓа продуктот што се продава/услугата која се нуди. За некои типови на огласи потребно е да се напише и адреса. Внесената адреса се користи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација на оглас/сметка.
Петел.мк користи технологија на следење (Cookies – мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на рекламирање и ги брои уникатните посети. Тоа ни овозможува да се соберат статистики за нашите посетители и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не го гледате истиот банер постојано додека сте на Петел.мк. Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци. Повеќе детали за колачиња можете да прочитате тука.

Поврзување преку Facebook и Gmail
Петел.мк им дава можност на корисниците да креираат кориснички профил што ќе биде поврзан со социјалната мрежа Facebook или со Gmail. Имајте во предвид дека при креирање на кориснички профил со поврзување на некоја од горенаведените медиуми, податоците од таа социјална мрежа/е-маил се поврзуваат со Вашиот кориснички профил на Петел.мк. Тие податоци можете да ги промените во било кој момент со поврзување на Вашата сметка.

За што се користат Вашите лични податоци?
Некои видови на податоци ќе бидат потребни при регистрирање на огласи и креирање на Петел.мк сметки. Петел.мк не одговара за точноста на внесените информации. Петел.мк внесените податоци ги користи исклучиво за целта за кои што се внесени. Доколку Вие немате дадено согласност за користење на Вашите податоци за промотивни маркетинг активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Петел.мк не ги споделува податоците со трети страни, не ги пренесува на трети страни и истите ги чува безбедно и ги користи исклучиво за намената за која се внесени.

Согласно законот за лични податоци, Петел.мк ги користи личните податоци на корисниците само за целта за кои се наменети. При внесување на оглас, корисникот сам одлучува дали ќе се прикаже телефонскиот број или не. Вашата електронска пошта не се прикажува јавно во никој случај, освен ако огласувачот одлучи да го додаде во описот на огласот. Внесените податоци за огласот, се користат за објавување на оглас во форма и содржина што одлучил самиот огласувач.

Вашите лични податоци (во форма и содржина што сте одбрале Вие) се користат за објавување на огласот и да бидете контактирани од страна на заинтересираните купувачи за предметот/услугата која се објавува.
Вашите лични податоци се користат за праќање на системски – функционални е-маил пораки, како што се известување за објавен оглас, извршено плаќање и сл. Овие пораки немаат промотивен карактер и не се користат за праќање на промотивни пораки.
Вашите лични податоци се користат за комуникација со Вас од страна на нашиот тим за корисничка поддршка.
Вашите лични податоци ќе бидат користени за цели на дигитален маркетинг, само доколку Вие имате дадено дозвола за тоа.
Петел.мк не споделува лични податоци со трети страни. Со цел нашите сервиси да бидат испорачани со врвен квалитет, соработуваме со надворешни провајдери за обезбедување на некои видови на сервиси, програми, алатки и сл. (домашни и/или меѓународни) и Вашите лични податоци се чуваат со највисоки безбедносни стандарди и истите во соработка со провајдерите се користат исклучиво за целта за која се наменети.

За користење на карго услугата на Петел.мк, ние во соработка со карго компанијата и со однапред дефиниран протокол Ви праќаме функционални пораки за доставување на производите. Вие, како купувач сами го пополнувате формуларот за контакт информации и истите се пренесуваат до карго компанијата за успешна достава на производите. Вие, како продавач, сами ги потврдувате контакт деталите за подигнување на пратките кои ќе бидат споделени со карго компанијата за успешна достава на производите. Ние како веб сајт посредуваме во процесот на достава.

Кои се Вашите права во однос на заштитата на личните податоци?
Вашите права како корисник на Петел.мк, во врска со политиката за приватност и заштитата на лични податоци се правото да бидете информирани за обработката на лични податоци, да имате право на пристап до Вашите лични податоци, право на бришење или измени на личните податоци, право на ограничување на личните податоци како и право на приговор.

За дополнителни информации во врска со Вашите права за заштита на лични податоци, можете да контактирате со Петел.мк офицерот за заштита на лични податоци Милан Лазарески на следниов е-маил: privacy@petel.mk.mk и телефон 070383796. Можете да ни доставите Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци или Барање за запирање на обработката на личните податоци преку е-маил или со писмена достава во просториите на Петел.мк, преку наведување на следните податоци:

Име и Презиме
Телефонски број и е-маил адреса
Е-Маил адреса на која сакате да добиете одговор
Причина поради која барате да се достават информации за обработка на личните податоци или да се запре обработката на лични податоци.
Петел.мк се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници. Но, во секој случај не може да гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање на личните податоци.

Петел.мк најсериозно ја сфаќа безбедноста и превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на личните податоци на крајните корисници. При обработка и пренос на податоците до нашите сервери се користи HTTPS безбедносен протокол. Доколку сакате да ги проверите Вашите податоци или да направите измени на истите тоа го правите на нашата веб страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Петел.мк Ви препорачува да не ја споделувате Вашата лозинка со трети страни. Вашите лични податоци се зачувани на заштитни сервери, до кои има пристап само Петел.мк. Шифрирањето на одредени чувствителни податоци се прави со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на Петел.мк. Користењето на Петел.мк веб сајтот не е дозволен за малолетни лица (помлади од 18 години). Веб сајтот е дизајниран со намера да даде услуги на полнолетни лица (постари од 18 години). Имајте во предвид дека за да регистрирате кориснички профил потребно е да имате наполнето 18 години. Корисничките профили се проверуваат и доколку се констатира дека одреден кориснички профил припаѓа на малолетно лице, ќе биде отстранет.

Транспарентни информации, комуникација и начин на остварување на правата на субјектот на лични податоци
Информации и пристап до лични податоци (информации кои се доставуваат при собирање на лични податоци од субјектот на лични податоци)
Корисникот има право да бара пристап или да ги промени личните информации кои ги доставил на веб сајтот. Исто така може да се изврши промена на личните податоци што ги дал. Податоците од Вашиот кориснички профил можете да ги промените Вие со поврзување кон Вашата сметка. Доколку сакате да ја промените електронската пошта со која сте регистрирале, тоа мора да се направи системски и потребно е да го контактирате тимот за корисничка поддршка на Петел.мк (www.petel.mk) преку праќање на е-маил порака до support@petel.mk или преку контактирање на нашиот офицер за заштита на лични податоци Милан Лазарески на следниот е-маил: milanlazareski@yahoo.com. Исто така, корисникот има право да побара трајно да се избришат личните податоци од базата на Петел.мк. Тоа ќе се реализира во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето ако се исполнети условите согласно закон.

Информации кои што се доставуваат кога личните податоци не се добиени од субјектот на лични податоци
Petel.mk не врши собирање и обработка на лични податоци кои не се дадени од страна на корисникот. Доколку корисникот достави барање за злоупотреба на податоците, тогаш се покренува постапка за идентификување на лицето кое го направило тоа (доколку има можност) и согласно закон целата комуникација се одвива преку овластените правни институции во државата.

Право на пристап на субјектот на лични податоци
Субјектот на лични податоци, има право да побара потврда од Петел.мк дали неговите лични податоци се обработуваат со објаснување на целите на обработка, категориите на податоци, предвидениот рок на чување и сл. информации согласно закон.

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Согласно член 11 од Законот за Заштита на личните податоци, Петел.мк врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг исклучиво по претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци.

Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг на Петел.мк се остварува со селектирање на полето “Се согласувам да добивам персонализирани совети, понуди и вести од Петел.мк” при регистрација на оглас или креирање на сметка од страна на субјектот на лични податоци.

Личните податоци се користат за испраќање на известувања за нови огласи, огласи согласно интересот на корисниците, наши услуги, понуди од интерес и слично. Тоа може да биде во форма на е-пошта, SMS, desktop нотификации, Viber пораки, телефонски пораки, банер реклами и сл. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и испраќаме релевантни известувања исклучиво согласно интересот на корисниците и претходни пребарувања на сајтот.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Тоа може да го направи со испраќање на “Барање за повлекување на согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг” до офицерот за Заштита на Личните Податоци на Петел.мк на следнава емаил адреса: privacy@petel.mk.

Петел.мк врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг со цел овозможување на услуга која што самите корисници на сајтот ја побарале од Петел.мк како што е креирањето на Преглед на зачувано пребарување со што корисникот добива известувања на емаил согласно неговото барање.

Субјектот на лични податоци има право на пристап, исправка, бришење, и ограничување на обработката на личните податоци. Сите овие права се применуваат во рамките на ограничувањата предвидени со постојните прописи за заштита на личните податоци.

Процедура за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
На Петел.мк, корисникот има право да одлучува дали ќе даде согласност за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг или не. Доколку корисникот не даде согласност, во тој случај не добива пораки поврзани со директен маркетинг но ќе добива пораки за основните функции на сајтот (како известување на објавен оглас со линк од огласот, известување за избришан оглас и сл.). Овие пораки не се поврзани со директен маркетинг и нивната содржина се однесува само на основните функции на сајтот.

Доколку корисникот даде дозвола за користење на личните податоци за директен маркетинг, процедурата е следна:

При регистрација на оглас/сметка корисникот ќе даде дозвола со кликување на полето “Се согласувам да добивам персонализирани совети, понуди и вести од Петел.мк”.
Податоците на корисникот се зачувуваат во посебна база на податоци која ги содржи информациите на корисниците кои дале дозвола за користење на нивните податоци за цели на директен маркетинг.
Кога се креира одредена кампања, само корисниците кои дале дозвола за добивање на промотивни пораки ќе добијат промотивни пораки.
Доколку корисникот не го избере полето за согласност или го контактира офицерот за заштита на лични податоци преку е-маил milanlazareski@yahoo.com се откажува од добивање на пораки за цели на директен маркетинг.
Доколку корисникот испрати барање личните податоци се бришат од базата на податоци во рок од 30 дена и корисникот не добива пораки за цели на директен маркетинг од страна на Петел.мк.
Доколку сака, корисникот може повторно да ја активира опцијата за добивање на промотивни пораки преку избирање на полето за согласност или со контактирање на петел.мк офицерот за заштита на лични податоци преку е-маил privacy@petel.mk.
Промени во Политиката за приватност
Петел.мк го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.

Корисни совети за заштита на лични податоци и приватност
Согласно препораката бр. Р (99)5 на комитетот за министри на земјите членки за заштита на приватноста на Интернет, Ви споделуваме неколку корисни совети за заштита на лични податоци:

Бидете внимателни со Вашите лични податоци на Интернет, каде ги споделувате Вашите лични податоци, со кого ги споделувате и на кој начин ги споделувате.
Бидете свесни дека секоја направена акција на Интернет, можно е да остава некакви траги за Вас, затоа користете ги сајтовите кои даваат информација за безбедност и бараат согласност за користење на методи за следење, Cookies и сл. Доколку не сакате да се користат Вашите лични податоци не давајте согласност за тоа.
Доколку не сакате да регистрирате кориснички профил на некоја страна, не се регистрирајте.
Бидете внимателни со веб страни кои бараат повеќе информации од тоа што е потребно за Вас.