Општи правила и услови за огласување
Правила за огласување
Огласување за физички лица
Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Петел.мк. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.
Петел.мк го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.
Огласување за претпријатија
Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на Петел.мк. Петел.мк го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Согласно законот за забрана за спречување на вршење на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: Тековна состојба од Централен Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. Одредбите на овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување.
Услуги
Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија.
Категоризација
Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:
Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава, се издава или се бара за изнајмување.
“Се изнајмува” како тип на оглас е достапна во одредени категории. Доколку оваа опција не е достапна, предметите кои се за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се продава”, а предметите кои се бараат за изнајмување треба да се стават како тип на оглас “Се купува”.
Ограничувања кои се однесуваат на категориите: возила и недвижности
Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило/недвижност во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила/недвижности.
Огласи – Дупликати
Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани.
Линкови и препораки
Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.
Петел.мк не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.
Слики и видео клипови
Правила за прикачување на слики и видео:
Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено. Ако огласувате возило, сликите и видеото мора да бидат од тоа возило.
Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.
Петел.мк го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.
Нелегални производи и услуги
Петел.мк има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.
Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост
Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.
Оружје
Според Законот за оружје во Макеоднија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)
Навредлива содржина
Огласот се смета за навредлив доколку:
Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица, или јавни лица.
Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
Има слики и видео со навредлива содржина.
Одговорност
Петел.мк не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.
Нереални понуди
Петел.мк го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.
Заштитен знак
Сите слики и видеа на Петел.мк се објавуваат со заштитен знак на Петел.мк. Ова е со цел да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст.
Општи услови
Авторски права
Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на Петел.мк и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.